ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Ракометната репрезентација на Македонија ги комплетираше подготовките во Скопје и денеска го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Швајцарија, каде на силен меѓународен турнир ќе се темпира формата пред ЕП во Данска.
На денешниот тренинг присутен беше министерот за спорт, Борко Ристовски, кој заедно со раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) – претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски – им даде поддршка на репрезентативците и им посака успешен настап на континенталниот шампионат.

