Најскапиот трансфер во историјата на Олимпија Љубљана,(1.2милиони евра) Димитар Митровски конечно почна да добива вистинска шанса а за истото враќа со одлични игри на теренот.
Митровски беше најдобар играч во дербито на колото во Словенија каде Олимпија Љубљана со 3:1 го совлада лидерот Целје.
Димитар асистираше во водечките два гола, најпрвин во 30 минута успешно го проигра Антонио Марин, а во 45 му асистираше на Дига.
Олимпија оствари голема победа на лидерот на табелата Целје. (3-1)
Митровски имаше проблеми со повредите, бараше шанса кај тренерот а сега конечно почна да игра како што се очекува. Вкупно 4 асистенции на последните пет лигашки натпревари, а има и еден гол на 16 средби.

