(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонската ракометна репрезентација денеска го игра најважниот натпревар на Европското првенство во Хернинг, Данска.
Во третото коло од групната фаза, ќе се соочиме со селекцијата на Романија (18:00).
Македонија на дуелот со Романија влегува во еуфорична атмосфера, по освоениот бод со силната Португалија, каде се прикажавме во одлично светло со квалитетен ракомет и голема борбеност. Сега само треба да ја повториме таа партија и да славиме нова голема победа.
Со евентуална победа против Романија, Македонија ќе биде сигурно трета во групата, а тоа значи дека ќе играме еден бараж за СП, ќе бидеме носител во тој бараж и големи ќе бидат шансите да добиеме поволен противник.
Со победа ќе останеме во игра и за главната фаза и пласман во ТОП 12. Тоа ќе зависи од гол-разликата, па така ќе ни треба убедлива победа, а потоа ќе чекаме убедлива победа и на Данска против Португалија. Вкупната гол разлика во наша корист, за да пројдеме понатаму треба да биде плус 19.
Во спортот чуда се случуваат, а Македонија заслужува да се случи мало ракометно чудо.

