Vinkmag ad

СТОЈКОВИЌ: СО РОМАНИЈА МОРА ДА ИГРАМЕ БРЗО

Марко Стојковиќ одигрса фантастичен натпревар против Португалија, особено во одбраната, каде играше малку поистурено во напашата 5-1 формација. Високиот Стојковиќ (2.03) со своите долги раце им правеше сериозни проблеми на Португалците и беше еден од нашите најважни играчи во „кам-бекот“ по негативата од 5 погодоци.

Португалија е веќе архивирана, па Стојковиќ го сподели мислењето, како Македонија треба да одигра против Романија.

Романците се разликуваат од Португалија и Данска – технички и тактички се побавни и повеќе се ориентирани кон игра со дуели. Наша цел ќе биде да ја задржиме брзата игра и да извлечеме максимум од тоа. За нас е многу важно што располагаме со повеќе опции, бидејќи конкуренцијата носи дополнителен квалитет. Според мене, најранлива и воедно најнапорна позиција кога станува збор за дуели е пивотменската, па затоа е неопходна ротација.

Дуелот против Романија започнува во 18 часот со директен пренос на МРТ.

Читај Претходна

ДЕНЕСКА ПРОТИВ РОМАНИЈА, ОДИМЕ НА ПОБЕДА!

Читај Следна

РОМАНЦИТЕ ЌЕ НАПРАВАТ СÈ ЗА ДА ПОБЕДАТ