Vinkmag ad

Поранешниот капитен на Македонија У21 замина од Сондерјиске

Иван Николов ќе побара нова средина за продолжување на својата играчка кариера, откако се раздели со данскиот суперлигаш Сондерјиске.

Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Македонија по две ипол години реши дека е време за разделба со досегашниот клуб. Николов и Сондерјиске се разделија во пријателски услови, откако во првата полусезона не забележа ниту еден првенствен настап.

Во пролетниот дел од минатата сезона Николов беше позајмен во Вендсисел во Втората лига на Данска и таму одигра 13 натпревари.

23-годишникот потекнува од школата на Бреганица, а како младинец се пресели во поранешна Академија Пандев. Токму во Брера заигра сениорски фудбал, потоа беше дел од Вардар и Брегалница од каде во 2023 година замина во Сондерјиске.

Читај Претходна

Васил Рингов – човекот кој фудбалот го имаше во малиот прст!

Читај Следна

Костески: Мора да бидеме храбри, дисциплинирани и фокусирани!