МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Не постои љубител на фудбалот во Македонија кој ако имал прилика да го гледа Васил Рингов нема да ви каже: Рингов беше фудбалски велемајстор!
И навистина било така, Васил Рингов бил македонскиот виртуоз, човек кој трчал доволно за да постигне или асистира за гол. Преглед на игра каков би посакал секој фудбалер, надополнето со неверојатна фудбалска интелигенција – всушност Рингов важеше и за исклучително школуван човек чиј збор вредеше и тежеше многу!
Рингов потекнува од Струмица и своите први чекори ги направил во неговиот роден град, но набрзо Струмица фудбалски ќе стане мала за големиот Васил Рингов!
Трансферот во Партизан бил показател за неговиот талент, а недобиувањето шанса потврда дека во тие времиња македонските фудбалери не почнувале од иста стартна позиција со играчите од другите републики!
Но, неуспехот таму нема да го поколеба Рингов да почне повторно да го покажува сиот свој раскош – во дресот на Тетекс од Тетово!
Играта, резултатите и неговото неверојатно знаење ќе го препорачаат во Вардар – најдобриот македонски тим, и од тој момент ќе се создаде најсилниот двоец во историјата на Вардар, Панчев – Рингов! (Приказната за Моша и Тирке од Монтевидео, 50 години подоцна во ликот и делото на Рингов и Панчев)
Името на Васил Рингов е запишано со златни букви во историјата на Вардар, затоа што беше дел и од најдобрата генерација, онаа генерација која победуваше и на теренот, а ја победи и политиката освојувајќи ја титулата на Југославија!
Во црвено – црниот дрес одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 погодоци, освојувајќи трофеи, но најважно од се – освојувајќи ги срцата на навивачите!
Останува жал што еден ум како Рингов не беше доволно искористен за развој на фудбалот при распадот на Југославија, но наследството на Рингов живее денес и ќе живее и во иднина!
Последен поздрав од овој свет за човекот кој го живееше фудбалот и изнудуваше воздишки и аплаузи од целата јавност!
Последен поздрав за легендата, Васил Рингов!

