ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Најдобриот десен бек на Македонија, Мартин Серафимов, најавува жестока борба против силните противници на Европското првенство.
„Првата фаза беше повеќе посветена на физичката подготовка, сега повеќе ќе влегуваме во деталите на тактичкиот дел. Желбите и очекувањата се да го минеме првиот дел, но противниците се силни, не чека голем и тежок предизивик. Наше е да дадеме максимум. Спортскиот аспект е на секој натпревар да играме за победа.
Данска и Португалија имаат поквалитетни репрезентации, многумина ќе се сложат со тоа. Данска е со години на самиот врв, а Португалија на последното Светско првенство покажаа дека и тие се дел од светиот врв. Да не ја заборавиме и репрезентацијата на Романија, таа е почитувана репрезентација, не ја запоставуваме, но така и по редослед ни доаѓаат натпреварите. Нас ни останува да влеземе ‘јако’ на сите натпревари, да покажеме како треба да се бори секој за Македонија, резултатот ќе дојде сам по себе“, ни изјави Мартин Серафимов.

