Vinkmag ad

ШАНСА ЗА ДИМИТРИЕВСКИ – СЕ ПОВРЕДИ ПРВИОТ ГОЛМАН НА ВАЛЕНСИЈА

фото: @valenciacf.com

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски најверојатно ќе биде првиот голман на Валенсија во наредниот период, откако моменталниот прв чувар на мрежата, Хулен Агиресабалага се повреди.

Агиресабалага вчерашниот натпревар против Селта (пораз на Валенсија со 1-4) го заврши предвреме, дури не го дочека крајот на мечот, а на негово место мораше да застане друг играч. Прегледите покажаа дека има сериозна повреда на задната ложа, која исто така ја загрижи и тренерот Карлос Кобреран по денешниот тренинг.

„Хулен Агиресабалага нема да може да настапи на следниот натпревар поради повредата на задната ложа“, изјави Кобреран.

Димитриевски, пак, се наоѓа во завршна фаза од рехабилитација по повредата на адукторот која ја доживеа кон средината на минатиот месец и најверојатно ќе ја добие шансата во наредните натпревари. Следниот противник на Валенсија е Елче, кој ќе гостува на Местаља во сабота во исклучително важен меч за тимот, кој се бори за опстанок во Ла Лига.

Читај Претходна

ТАЈСОН ФЈУРИ СЕ ВРАЌА ВО РИНГОТ

Читај Следна

СЕРАФИМОВ: МОРА ДА ВЛЕЗЕМЕ „ЈАКО“ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПРОТИВНИЦИТЕ