МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Аутсајдерот во групата 2 во главната фаза, селекцијата на Швајцарија одигра исклучително храбар натпревар и против лидерот во групата, селекцијата на Исланд успеа да освои бод (38:38)
Во еден натпревар во кој многу се трчаше, грешеше и погодуваше од контри, на крајот двете селекции поделија по бод
Избраниците на Анди Шмит одиграа перфектен напаѓачки натпревар и во речиси сите 60 минути имаа предност. На крајот во последните три миннути играа со двајца играчи помалку и Исланд успеа да надомести два гола негатива. Швајцарија во последната минута имаше напад за предност, направи пробивање. За на крајот Исланд да пропушти шанса за пресврт и победа
Најдобри во редовите на Швајцарците беа Леополд Ноам со 7/7 и и Гино Стинерс со шут 6/6. Кај Исланд Видарсон и Поркелсон постигнаа по 8.
Ваквиот исход отвара голема шанса за Словенија и Хрватска кои вечерва играат меѓусебен натпревар, па победникот од тој дуел може да направи исчекор кон полуфиналето.

