Vinkmag ad

ЅВЕЗДАТА НА ЈУНАЈТЕД, ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ДУЕЛОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Репрезентацијата на Данска ќе има сериозен хендикеп во претстојниот бараж против Македонија за пласман на СП 2026, откако еден од нивните клучни фудбалери, Патрик Доргу, се повреди во дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Офанзивецот мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на задната ложа, а според британските медиуми, го очекува пауза од околу десет недели. Тоа значи дека речиси сигурно ќе ги пропушти дуелите со Македонија во полуфиналето од баражот.

Доргу беше во одлична форма во последниот период и важеше за стандарден избор во националниот тим, па неговото отсуство претставува голем удар за Данците во клучниот момент од квалификациите.

Читај Претходна

ЃОРЧЕСКА ВО ДВА СЕТА ЈА РЕШИ СЕРБАН НА ЧЕЛИНЏЕРОТ ВО ПОРТО

Читај Следна

ШВАЈЦАРИЈА ОДИГРА ХРАБРО И МУ ОТКИНА БОД НА ИСЛАНД