Vinkmag ad

СКАНДАЛ ВО ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ: ЉУБОТЕН СЕ ПОВЛЕЧЕ – ОТКАКО ИМ БЕШЕ ПОНИШТЕН ГОЛ (ВИДЕО)

Натпреварот од женската лига меѓу АСС Јунајтед и Љуботен во Струга заврши предвреме и предизвика големи реакции во домашниот фудбал. Дуелот не го дочека последниот свиреж откако гостинската екипа од Тетово реши да се повлече од теренот во самиот финиш на натпреварот.

Причина за ваквиот потег бил спорен момент пред крајот на мечот, кога фудбалерките на Љуботен постигнале погодок кој подоцна бил поништен. Гостинките жестоко реагирале на судиската одлука, убедени дека голот требало да биде признаен.

Ситуацијата дополнително ја зголемила нервозата бидејќи тоа бил втор поништен погодок за тетовската екипа на натпреварот. По кратки расправии и негодувања, фудбалерките на Љуботен решиле да го напуштат теренот, по што средбата практично била прекината.

Главен судија на натпреварот беше Вјолца Изеири, а нејзини помошници беа Филип Ицковски и Мартин Петковски.

Како ќе биде епилогот од овој инцидент ќе решаваат дисциплинските и натпреварувачките комисии на Фудбалска федерација на Македонија, кои треба да донесат конечна одлука за прекинатиот натпревар.

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА (У-16) СЛАВЕШЕ ПРОТИВ ЛЕТОНИЈА

Читај Следна

ЈАКИМОВСКИ И ТРЕНТО ОБЕЗБЕДИЈА 1/4 ВО ЕВРОКУПОТ