ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
Кошаркарите на Струмица 2001 се победници во Првата македонска лига.
Во третиот и одлучувачки меч, во кој победникот се стекнува со суперлигашки статус, беа за нијанса подобри од својот голем ривал во серијата – екипата на Бутел од Скопје.
СТРУМИЦА 2001 – БУТЕЛ 81:76 (2-1)
(22-19; 23-19; 24-22; 12-16)
Во мечот на одлука струмичани беа подобар противник. Имаа псотојано водство во текот на сите 40.минути, и во ниту еден момент не му дозволија на гостинскиот тим да се понадева, да размислува за било какво изненадување.
По првиот период од играта имаа водство од (22:19), кое го зглемија до одморот, имаа плус 7, (45:38).
Ништо не смени и по паузата од 15.минути, струмичани беа сигурни и во продолжението од играта, во кое дојдоа и двоцифрено водство, а по три одиграни четвртини имаа позитива од (69:60).
Сосема доволна за освојување на вториот и одлучувачки поен во серијата која го даде новиот член на Супер лигата во натпреварувачката сезона 2026/2027.
А Димитар Пандев е најзауслужниот што Струмица 2001 се стекна со суперлигашка промоција. Кога беше најпотребно во оваа „мајсторка“ реализираше 30.поени со кои го предводеше струмичкиот тим до крајната цел.
Му помогнаа Александровски, кој постигна 17.поени и Јовановиќ кој запре на 11. реализации.
Во гостинската екипа, капитенот Мартиноски даде 15.поени, Андоновски имаше 12, а искусниот Јанески ја заврши сезоната со десет реализирани поени.
Во продолжение и големото славје на навивачите на Струмица.

