МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
На олимписката сцена во Милано кортина се појави спортист со македонско потекло кој настапуваше под знамето на Канада, но јасно ги истакна своите корени.
Лука Стоикос, момчето кое беше дел од втората постава на Канада во боб-четирисед, под скијачкото одело носеше маица со ликот на Свети Климент Охридски, кого го смета за негов заштитник.
„Поддршката од моето семејство и од македонската заедница има огромно значење за мене и за мојот развој како спортист. Роден сум во Канада, но моите македонски корени се дел од мојот идентитет и на нив сум особено горд. Иако настапувам под канадското знаме, чувствувам дека на некој начин ја претставувам и македонската заедница, како и италијанската страна од семејството на мајка ми“, изјави Стоикос.


