МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот ракометен чувар на мрежата, Мартин Томовски по којзнае кој пат оваа сезона покажа дека е прволигашки квалитет и со својот одличен настап му помогна на Битигхајм во германската втора Бундеслига да дојде до нова победа. Битигхајм дојде до голема победа на гостински терен кај Дормагем славеше (34-36)
Прво име кај Битигхајм беше токму Мартин Томовски со одлични десет интервенции а особено значаен беше неговиот придонес во завршницата кога одбрани неколку клучни напади
По одиграни 27 кола, Битигхајм се наоѓа на врвот на табелата со 45 освоени бодови, додека веднаш зад него е Белинген со 44 бода. За очекување е да се изборат за промоција во Бундеслигата, но и доколку не успеат во тоа, Томовски секако заслужува подобар тим и настап во најдобрите европски лиги.

