Капитенот на Македонската репрезетнација, Енис Барди игра во одлична форма во турскиот шампионат и втор наптревар по ред има директен удел во погодоците на неговиот тим Коњаспор. Минатото коло постигна погодок во ремито 2:2 против Самсунспор, а денес во улога на асисттент учествуваше во победата над Карагумрук со 3:0.
Енис Барди по којзнае кој пат покаже дека има одличен преглед на игра и со додавање во фор го проигра Крамер кој истрча одлична контра и во 21. минута донесе водство за неговиот тим. До крајот на натрпеварот Коњаспор дојде до 3:0, што беше доволно за три бода.
GOL | Konyaspor 1-0 Fatih Karagümrük
⚽ 21' Kramer pic.twitter.com/fjlpgj4bnV
— Cebinde Goller (@cebindegoltv) April 12, 2026
Нашиот капитен на теренот играше до 81 минута кога беше заменет од Свендсен.
За Барди ова е трета асистенција оваа сезона а има и пет постигнати погодоци на 28 натпревари.

