(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Дени Мусовски, според најавите, наскоро веројатно ќе дебитира за македонската А-репрезентација. Искусниот напаѓач на Сиетл во МЛС бил контактиран од ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, а тој со задоволство ја прифатил можноста да игра за Македонија.
„Со задоволство ќе прифатам повик за Македонија“, изјавил Мусовски по контактите со федерацијата. Ова потврди и самиот Омерагиќ на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека ФФМ и лично е во постојана комуникација со Македонецот во САД.
Исто така, во тек се разговори со Андреј Тодороски, за кого „СортСпорт“ повеќе пати известуваше дека начелно прифатил да настапува за Македонија. Сепак, кај него постои компликација поради австрискиот пасош кој го поседува, и доколку игра за Македонија, ќе треба да се откаже од австриското државјанство. ФФМ работи на начин како овој проблем да се реши, за Тодороски да биде достапен за нашата репрезентација.
Тодороски веќе имал разговор со федерацијата во изминатите денови.

