(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Одличниот играч од средината на теренот, Димитар Тодоровски, се обврза на нов договор со Вардар и ќе го носи „црвено-црниот“ дрес и во наредните две ипол години.
„Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година“, објави Вардар на својата официјална веб-страница.
Претходно за ист период, Вардар ги продолжи договорите со Диего Кастањеда и Михаил Маневски.

