Ракометната репрезентација на Македонија со победа против Бахреин (32:28) го стартува „Жолтиот Куп“ во Швајцарија.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа рутински натпревар, во кој го контролираа резултатот од првата до последната минута. Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски кој реализираше 9 гола, зад него беа Костески и Џонов со по четири погодоци, Велковски и Ѓоргиев имаа по три гола.
Утре, Македонија ја очекува дуел против Украина (17:45)

