(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Најдобриот дефанзивец и носител на играта во одбраната на шампионот Шкендија, Клисман Цаке, ја заврши својата мисија во тетвскиот клуб и ќе започне ново поглавие. Репрезентативецот на Албанија, официјално се пресели во рускиот прволигаш Ахмат Грозни.
Фудбалскиот клуб Шкендија му посака среќа на Цаке во понатамошната кариера заблагодарувајќи му се за трудот и залагањето како и големиот допринос во историскиот резултат на клубот. Од клубот потенцираа дека трансферот е склучен со желба на фудбалерот да направи следен чекор во кариерата
Клисман Цаке му се приклучи на тетовскиот тим во јануари 2022 година и во период од четири години беше нераздвоен дел од „црвено-црните“. Според неофицијални информации Шкендија од овој трансфер ќе заработи околу 500.000 евра

