(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонската ракометна репрезентација со високо крената глава го заврши настапот на „Жолтиот Куп“ во Винтертур и испрати јасна порака дека е подготвена за предизвиците што ја очекуваат на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа две победи и едно реми, а во последниот натпревар против домаќинот Швајцарија покажаа голем карактер. „Црвено-жолтите“ се вратија од негатива од шест гола, а Марко Митев со погодок во самиот финиш обезбеди реми (29-29).
Иако Швајцарија го освои првото место поради подобрата гол-разлика, Македонија заврши како втора, што во овој момент е од второстепено значење. Многу поважно е што националниот тим прикажа стабилна игра и напредок во формата пред континенталниот шампионат.
Дополнителна потврда за одличниот настап на Македонија е и индивидуалното признание за Филип Кузмановски, кој беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот.

