Vinkmag ad

СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР

Ракометниот клуб Пелистер, го назначи Стевче Алушовски за нов предводникот на тимот. Алушовски доаѓа на местото на Шпанецот, Румен Гарабаја, со кого клубот спогодбено го раскина договорот.

Алушовски тренерската кариера пред седум години ја стартуваше токму во Битола, а сега ќе се обиде да ја спаси сезоната на клубот и да го „претрка“ лидерот Вардар кој во моментов е на +4 во однос на „зелено белите“.

„Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот“, се вели во соопштението на Пелистер

Читај Претходна

ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА ЃОРЧЕСКА: ЕЧЕШЕ – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, СРЕДЕ МЕЛБУРН (ВИДЕО)

Читај Следна

БАРСЕЛОНА ГО ДОБИ СУПЕРКУП ФИНАЛЕТО ПРОТИВ РЕАЛ МАДРИД (ВИДЕО)