Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство ќе се соочи со силната Данска.
Ниту во минататото не сме имале голема среќа на премиерите, во однос на квалитетот на противникот. Од осум воведни натпревари на ЕП, имаме славено три пати. Една победа во далечната 1998 против Унгарија, втората против Словенија на ЕП 2018 во Загреб и третата против Украина на ЕП 2020. Победа која ни ја донесе актуелниот селектор Кирил Лазаров, со гол во последните секунди од натпреварот.
Сите резултати на Македонија, на отворањата на Европските првенства.
EHF EURO 1998: Унгарија – Македонија 29:20
EHF EURO 2012: Македонија – Шведска 26:26
EHF EURO 2014: Данска – Македонија 29:21
EHF EURO 2016: Франција – Македонија 30:23
EHF EURO 2018: Македонија – Словенија 25:24
EHF EURO 2020: Македонија – Украина 26:25
EHF EURO 2022: Македонија – Данска 21:31
EHF EURO 2024: Франција – Македонија 39:29

