Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ: СО ДАНСКА ОВА Е НОРМАЛНО, ЌЕ СЕ ПОДГОТВИМЕ ПОДОБРО ЗА СЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров го анализираше натпреварот. Задоволен е од прикажаното до некаде, но едноставно Данска е пресилна. За следните натпревари си подобра подготовка можеме да бидеме подобри.

,,Можам со мирна совест да кажам дека сум задоволен од борбеноста и односот на играчите, особено ако се знае дека игравме против репрезентација која доминира во светскиот ракомет во последната деценија. Натпреварот беше добро подготвен, но против Данска вакви моменти едноставно се случуваат и од нив мора да извлечеме поука.

Со стручниот штаб одлучивме да им дадеме минутажа на сите играчи, со цел да бидеме што посвежи за наредните натпревари. Времето за одмор и рехабилитација е ограничено, па фокусот веднаш се префрла на дуелот со Португалија, каде што мора да се прикажеме во многу подобро издание.

Дури и далеку поискусни селекции имале проблем да го следат темпото на Данска. Ние лошо го отворивме натпреварот и токму таму се создаде поголемата разлика. Сепак, можам да бидам задоволен од поставената позициона одбрана – успеавме да ја принудиме Данска да напаѓа со седум на шест, што е голем комплимент за нашиот дефанзивен пристап. Во продолжение мора да бидеме уште подобри“, истакна Лазаров.

 

Читај Претходна

КУЗМАНОВСКИ:СО ПОРТУГАЛИЈА И РОМАНИЈА ЌЕ БИДЕМЕ ПОДОБРИ

Читај Следна

ДЕН ПОТОА: ПРОТИВ ДАНСКА ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕШЕ, НО МОЖЕМЕ ПОДОБРО ДА ИГРАМЕ!!