МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонија и Македонците имаат една посебна спортска пасија – ракометот. Иако фудбалот е најпопуларниот спорт во светот, ракометот во нашата земја носи поинаква енергија, емоција и страст што тешко се објаснува, а лесно се чувствува.
Токму со таа пасија, храброст со ракометен фанатизам, Македонија дојде до голем бод против моќната Португалија. Против селекција претенд за медал на ова првенство, која има играчи од светска класа и која лани беше полуфиналист на ракометниот Мундијал.
И покрај сите проблеми на вчерашниот натпревар, повредите на двете десни крила, Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, раниот црвен картон на најискусниот дефанзивец Никола Марковски…Македонските ракометари не се откажаа. Не се откажаа ниту по негативата од 5 гола разлика, што е голем прогрес во однос на минатото, кога ретко кога (речиси никогаш) сме се враќале од негатива. Сега покажавме карактер.
Сите ракометни недостатоци ги покривме со голема борбеност, со пожртвуваност во одбраната, со неверојатниот Филип Кузмановски во нападот.
„Фитиљот“ даде 15 гола, со три промашувања, асистираше, гинеше, им покажуваше заби на противниците…Вистински лидер.
Македонија сега е на чекор од главната рунда. Потребна ни е убедлива победа против Романија, а за таа победа вчера покажавме дека сме способни, но и услуда од Данска. Сепак, без разлика на исходот, избраниците на Кирил Лазаров покажаа уште еден ракометен прогрес и потврдија дека македонскиот ракомет се движи во вистинска насока.

