Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ: ПОКВАЛИТЕТНИ СМЕ ОД РОМАНИЈА, ДА ОДИГРАМЕ КАКО ШТО ЗНАЕМЕ

Македонската ракометна репрезентација, нема многу време за одмор. Веќе утре ја очекува нов предизвик на Европското првенство во Хернинг. Во последниот меч од групната фаза, ќе ги одмериме силите со Романија, која во воведните две кола, забележа два убедливи порази.

„Романија сигурно е послаба од Данска и од Португалија, но има амбициозна федерација и селектор, како и значителни ресурси за напредок кон врвот. Не знам колку ќе успеат, но располагаат со сериозни буџети и очекуваат многу. Како колектив ние сме поквалитетни, системски исто така, но клучно ќе биде да играме онака како што знаеме“, вели македонскиот селектор.

Дуелот Македонија-Романија на програмата е утре, со почеток од 18 часоит. На нашата репрезентација потребна и е убедлива победа, за да остане во игра за пласман во главната рунда.

Читај Претходна

ПЕШЕВСКИ: СОЗРЕАНИ СМЕ ЗА ГОЛЕМ РЕЗУЛТАТ

Читај Следна

КУЗМАНОВСКИ: ДА ВЕРУВАМЕ И ДА ЈА ИЗРАДУВАМЕ МАКЕДОНИЈА