Vinkmag ad

АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: ЧЕСТИТКИ МОМЦИ, ЈА ИЗРАДУВАВТЕ ЦЕЛАТА НАЦИЈА

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов им пружи поддршка на ракометарите и стручниот штаб за резултатот остварен на натпреварот против Португалија.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот. Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија“, порача Стефанов.

 

Читај Претходна

МОЌЕН СТАРТ НА ЃОКОВИЌ ВО МЕЛБУРН

Читај Следна

ЃОКОВИЌ ПИШУВА РЕКОРДИ – ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА АО