(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Ракометната репрезентација на Македонија уттре ја очекува последниот натпревар од групната фаза во Хернинг. По воведните две кола, Македонија има пораз од Данска и реми против Португалија, па утрешниот дуел со Романија ќе решава за нашиот пласман понатаму.
Македонија засега игра одлично првенство, поразот од Данска беше очекуван, а вчерашната партија против Португалија – одлична. Сепак, селекторот Лазаров, смета дека имаме простор за напредок на одредени позиции, а ги спомена Марко Митев, Ненад и Никола Костески.
Романија не е репрезентација од калибарот на Данска и Португалија, но тоа не значи дека не треба сериозно да ја сфатиме. Треба да ги задржиме позитивните работи од вчерашниот меч, а истовремено да поработиме на сегментите каде што не бевме на посакуваното ниво, пред сè мислам на Митев и на браќата Костески, Ненад и Никола, на десната крилна позиција. Потребно е да функционираме подобро како тим и да направиме чекор напред. Како колектив и систем имаме предност, но не сакам да создавам дополнителен притисок врз играчите. Сепак, нема потреба ниту да бегаме од улогата пред овој натпревар, – изјави Лазаров на средбата со македонските новинари
Утрешниот дуел со Романија започнува во 18 часот, на Македонија и е потребна убедлива победа за да избори пласман понатаму.

