Vinkmag ad

ФАЛАНГАТА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПЕЕ – ИГРАЧИТЕ НЕКА ОСТАВАТ СРЦЕ НА ТЕРЕН

Македонија ги има најдобрите ракометни навивачи во Европа и тоа не е ниту прашање за дискусија. Во Данска не сме бројни како на многу други првенства заради местоположбата на градот каде се натореваруваме, но оние кои се таму се вистинска ,,Фаланга”. Ечи Македонса песна од прва до последна минута. Фалангата го поздравува секој гол, одбрана но и секогаш кога е потребно дава ветер во грб за работите да тргнат на подобро.

Во Хернинг не има од сите страни, од Македонија, нашинци кои живеат во Данска но и претставници на целата македонска дијаспора. Сите дојдени со желба од љубов да ја бодрат Македонија!

Затоа вечерва повторно ќе ечи Македонија Македонија, а фалангата бара само максимално залагање достојно за репрезентативниот  дрес, онакако како што беше на првите два натпревари, па што биде нека биде!

За кого?

ЗА МАКЕДОНИЈА!!

Читај Претходна

ДЕНЕС Е ДЕНОТ ШТО ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА ГО ЧЕКАШЕ

Читај Следна

ДЕНЕСКА ПРОТИВ РОМАНИЈА, ОДИМЕ НА ПОБЕДА!