Vinkmag ad

(ВИДЕО) БУГАРСКА РАБОТА – НАМЕСТО СПОРТ, СИ УДРИЈА ЌОТЕК

Државното првенство на Бугарија во борење, што се одржа во Сливен, наместо спортско надмудрување заврши со сериозен инцидент и грозни сцени, кои кулминираа во финалниот меч во слободен стил до 72 килограми.

Хаосот започна по спорна судиска одлука, која предизвика бурна реакција кај натпреварувачот на ЦСКА, Иво Илиев. Револтиран од одлуката, тој ја шутна масата на арбитрите, со што ситуацијата целосно излезе од контрола.

Инцидентот кулминираше кога Илиев беше удрен во лицето од судијката Елина Васева, бронзена медалистка од Европското првенство во 2010 година. Во настанатиот метеж се вклучи и мајката на борецот, која физички ја нападна Васева, влечејќи ја за коса.

Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето беше спречена ескалација со посериозни последици. По настанот, Илиев веднаш беше дисквалификуван од натпреварувањето, а финалето остана запаметено по скандалот, а не по борењето.

Читај Претходна

СТЕФАН АШКОВСКИ СЕ СЕЛИ ВО ИРАН (ФОТО)

Читај Следна

СИНОТ НА ВРБИЦА СТЕФАНОВ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИГА