Vinkmag ad

РОНАЛДО ГО ЗАСИЛИ БАШКИМИ

Фудбалскиот клуб Башкими го засили ростерот пред продолжението на сезоната со интернационалец од Тринидад и Тобаго. Нов член на клубот е 24-годишниот Никел Роналдо Ор.

Ор настапува на левата офанзивна страна и во редовите на Башкими пристигнува од кипарскиот ПАЕК. Во клубот очекуваат брза адаптација и конкретен придонес од новото засилување.

„Станува збор за современ тип фудбалер кој се вклопува во нашата визија и стил на игра. Веруваме дека ќе биде важен дел од тимот во остварувањето на зацртаните цели. Со овој трансфер уште еднаш ја покажуваме амбицијата на ФК Башкими 1947 да гради стабилен и конкурентен состав“, соопштија од клубот.

Читај Претходна

СРБИЈА Е НОВ ЕВРОПСКИ ВАТЕРПОЛО ПРВАК

Читај Следна

ОД ФУДБАЛСКИ ПРВОЛИГАШ, ДО РАКОМЕТЕН ХЕРОЈ НА ИСЛАНД