Vinkmag ad

ГОРДОСТА НА ПРИЛЕП – ФК ПОБЕДА ОДИ ВО АМБИС, СЕ ОТКАЖА ОД ВТОРА ЛИГА

Гордоста на градот Прилеп, ФК Победа, кој на почетокот на 21 век беше гордост на целиот македонски фудбал, ги живее најцрните денови во својата историја. Она што со години се одложуваше сега делува како неизбежно сценарио – ФК Победа се откажува од настапите во втората лига. Долговите на клубот се огромни, честите промени на управата не донесоа ништо а клубот сега е со блокирана сметка и со карта во еден правец – пропаст.

Почитувани,

Друштво за спортски активности ФУДБАЛСКИ КЛУБ “ПОБЕДА” АД – Прилеп со седиште во Прилеп на ул. „Александар Македонски“ бб со ЕМБС 6588689, ја известуваме фудбалската и спортската јавност:

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб, во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб, новиот мнозински акционер, е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор.

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот времески период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Читај Претходна

ШАНСА ЗА ДОБАР РЕЗУЛТАТ: ДОКОЛКУ ГО МИНЕМЕ БАРАЖОТ – МАКЕДОНИЈА ВО ВТОР ШЕШИР ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП

Читај Следна

ШКЕНДИЈА ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО СТРУГА, ТИКВЕШ УБЕДЛИВ СО ШКУПИ