Vinkmag ad

КАКОВ ТАТКО ТАКОВ СИН – ДАРИО КРАЉЕВСКИ, СИН НА ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН СЛАЃАН КРАЉЕВСКИ ГРАДИ ГОЛМАНСКА КАРИЕРА ВО ГЕРМАНИЈA

Младиот македонски голман Дарио Краљевски (роден 22.03.2010) е уште еден талент што го гради својот фудбалски пат во Германија. На само 15 години, со висина од 190 см и 80 кг, предиспозиции како од учебник за голман се истакнува со сигурност, рефлекси и одлична контрола на топка.

Фудбалските почетоци на Дарио се во ФК Куманово Евроспорт, каде започнува да тренира на само 8 години, за да после 4 години со своето семејство се пресели во Германија.
Денес тој е дел од германскиот клуб SG Unterrath Düsseldorf, каде настапува за U16 генерацијата, која сезонава игра против постари противници (U17) во лигата Leistungsklasse Düsseldorf – трет ранг во младинскиот систем во Германија

📊 Сезона 2025:
Одиграни 19 натпревари
Вкупно 34 натпревари на тимот (првенствени и пријателски)
Дарио е опција број еден во тимот

Еден од посебните моменти оваа година беше пријателскиот натпревар против германскиот гигант FC Schalke 04, каде Дарио бранеше едно полувреме – искуство што ретко им се случува на играчи на негова возраст.
Следната сезона ќе биде нов чекор во неговиот развој – Краљевски ќе настапува во Niederrhein лигата, која е втор ранг во младинскиот систем, што значи уште посилен натпреварувачки ритам.

Интересно е што клубот SG Unterrath Düsseldorf има партнерство со ШАЛКЕ 04, а на нивните натпревари и тренинзи редовно се присутни скаути од германските бундеслигаши како ЛЕверкузен, Менхегладбах, Келн, Бохум и други, па не е исклучена можноста Дарио да премине и во некои од овие тимови.

📌 Фудбалот му е и во гените – неговиот татко Слаѓан Краљевски, познат како Крале, е поранешен голман на ФК Куманово, ФК Беласица, ФК Победа Прилеп, ФК Силекс, ФК Охрид и ФК Плачковица, а со ФК Победа Прилеп ја освои шампионската титула во Прва македонска фудбалска лига во сезоната 2006/07

🧤 Македонија во Краљевски може да добие уште едно голманско решение

Читај Претходна

АЦО ЈОСИФОВСКИ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД МАКЕДОНСКАТА ТАЕКВОНДО ФЕДЕРАЦИЈА

Читај Следна

МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКИ РИТАМ