ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Двајцата најдобри Македонски одбојкари, капитенот Никола Ѓоргиев и примачот Александар Љафтов со победа стартуваа со своите нови клубови.
Капитенот на одбојкарската селекција на Никола Ѓоргиев ја забележа својата прва победа во дресот на новиот клуб Карловарско во Чешка. Искусниот одбојкар ги одигра и првите минути за лидерот во чешката Екстралига, каде што ќе настапува со дресот број еден. Карловарско викендов на домашен терен го совлада составот на Усти над Лабем со 3-1.
Победнички почна и Љафтов кој од Кувајт се пресели во Унгарија во тимот на Мав Евлоре. Унгарскиот тим продолжи со одличните настапи и со убедливи 3:0 (25:19; 25:17; 25:13) го победи тимот на Сегеди.
За Мав Евлоре ова е 11 победа на 12 натпревари и ги очекува борба за титула.

