Vinkmag ad

МАКЕДОНИЈА ИМА КОШАРКАРСКИ БИСЕР ВО АМЕРИКА ВО ИМЕТО НА АНДРЕЈ ШОШКИЌ

Македонија на колеџ лигата добива вистински кошаркарски бисер во името на Андреј Шошкиќ. Плејмејкерот на Стони Брук игра во неверојатна форма и одново беше прв стрелец и најзаслужен за новата победа на неговиот тим над Елон Феникс со 72:68.

Шошкиќ беше прво поентерско име на целиот натпревар, со 17 поени и најдобар скокач во неговиот тим со 8 фатени топки. Интересно е што Шошкиќ доби целосна доверба од тренерот и го одигра речиси целиот натпревар односно 39 од 40 минути и возврати на најдобар можен начин. Освен 17 поени, Шошкиќ имаше 8 скока и 4 асистенции а сето тоа проследено и со две украдени топки. Андреј имаше одличен процент на шут, односно 60% и тоа 3/5 за два, 3/5 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања.

Шошкиќ втора недела по ред е најдобар руки во неговата конференција признание добиено со одличните игри во континуитет. На последните пет средби во овие две недели во кои е најдобар во целата дивизија, Андреј има 18 поени во просек 5 скока и 4 асистенции.

Во текот на целата сезона на 23 натпревари има просек од 10 поени 2.5 асистенции и 2.5 скока и неверојатни проценти на шут, 52% за два, ИМПРЕСИВНИ 48% за три и дури 97% од линијата за слободни со што е НАЈДОБАР во целата лига.

Читај Претходна

ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ ЗА ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО ВО ПМФЛ

Читај Следна

ПУШТЕНИ БИЛЕТИТЕ ЗА ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА